SATES OF
EAST EUROPE            

 


ЦЕЛИ на Меѓународната асоцијација на LIONS клубовите

- ДА ОРГАНИЗИРА, прима со повелба и надгледува во работата сервисни клубови познати под името Lions клубови.
- ДА КООРДИНИРА во активностите и да ја стандардизира управата и администрацијата на LIONS клубовите.
- ДА СОЗДАВА и да го поддржува духот на меѓународно разбирање помеѓу луѓето во светот.
- ДА ГИ ПРОМОВИРА принципите на добро владеење и добро граѓанство.
- ДА ПРЕЗЕМА активна улога во создавањето на граѓанската, културната, социјалната и моралната добробит на заедницата.
- ДА СЕ ОБЕДИНАТ клубовите во врски на пријателство, добро дружење и меѓусебно разбирање.
- ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ форум за отворена дискусија за сите прашања од јавен интерес; водејќи сметка притоа да не се застапуваат политички ставови и уверувања на разни секти, религиозни групи и други групации.
- ДА СЕ ОХРАБРУВААТ сервисно ориентираните луѓе во заедницата да служат без притоа да добиваат некаква персонална финансиска корист и да се охрабри ефикасноста и да се промовира високиот стандард во трговијата, индустријата, професионалните услуги, јавните работи и приватниот бизнис.

ИЗЈАВА НА МИСИЈАТА


Да се создава и одржува духот на разбирање меѓу народите за потребата од хуманост, хуманитарна служба во заедницата и преку заедницата вклучување во истите процеси на меѓународно ниво.

Кодекс на етика на Lions

да се верува во професијата, вредно и квалитетно да се извршува работата за да се заслужи професионалната репутација;

за успехот во работата да се бара правична награда и профит, а да се одбива профит или успех по цена на губење на самопочитта или под сомнителни околности;

да запаметиме дека за нашиот успех не е потребно да ги спречуваме другите во нивниот, да бидеме лојални на клиентите и искрени кон себе;

секогаш кога ќе се појави сомнеж за исправноста на нашите постапки или етичката вредност на нашата положба или активност насочена кон други, да го разрешиме таквиот сомнеж на наша штета;

да го почитуваме пријателството како цел за себе, а не како средство и тоа да претставува дружење од кое не се бара ништо, но и да се прифаќаат услуги во духот на оние кои се даваат;

Вистинското пријателство да постои не на сметка на сторените услуги, туку единствено како потреба да се биде во можност некому да се помогне;

секогаш да ги имаме на ум нашите должности како граѓани на оваа нација, држава и заедница, да бидеме лојални по збор, дело и мисла;

со симпатии да им се пристапува на слабите и на оние во неволја и да им се укажува помош;

да бидеме внимателни во критиката и слободни во пофалбите;

да градиме, а не да уриваме.













< Back ∧ Up